orav-bejli-670x372

Претставници на Евроската унија (ЕУ) и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во земјава, Џес Бејли во 14.30 часот пред зградата на Владата ќе ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети сите услови за одржување на превремените парламентарни избори на 24 април, соопштија од амбасадите на ЕУ и САД.

Оттаму нема информација дали пред соопштувањето на одлуката дипломатите документот со конечната оцена ќе му го предадат на техничкиот премиер Емил Димитриев.

Првично, оцената требаше да биде соопштена вчера, но, како што информираа од амбасадите, било направено одложување на барање на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

 

META

Слични содржини