Бекам повторно ја бакна својата ќерка во уста, фанови го молат да престане

од Vladimir Zorba

Прославениот фудбалер Дејвид Бекам (46) објави неколку фотографии на Инстаграм, а една од нив крена бура на социјалните мрежи.

Имено, на една слика која ја подели јавноста, Бекам ја бакнува својата десетгодишна ќерка Харпер Севен во уста, пишува Дејли Мејл.

Додека едни истакнуваат колку е убаво и го бранат спортистот, други нагласуваат дека овој потег не е соодветен, особено што девојчето веќе има 10 години.

„Ова изгледа навистина лошо. Харпер е веќе голема девојка и време е тато да престане да ја бакнува во уста“. „Не ми е јасно зошто барем Викторија не му вели дека ова не треба повеќе да го прави“, „Лошо е да ја бакнуваш ќерка ти во уста“, се само дел од критиките под фотографијата од него и „Принцезата Леја’, како што ја нарече.

Инаку, Дејвид Бекам одвреме-навреме објавува вакви фотографии на социјалните мрежи, а на новогодишната ноќ сподели видео во кое исто така ја бакнува неговата наследничка.

Слични содржини