Бектеши: Ако продолжат рестриктивните мерки, Владата ќе им помогне на угостителите и моловите

од Nikola Popovski

Минитерот за економија Крешник најави дека е можен нов пакет мерки за поддршка на угостителите и моловите кои се пожалија дека имаат намалување на прометот и посетеноста од 40 до 50 отсто, поради новите рестриктивни мерки.

-Ќе креираме и ќе дизајнираме економски мерки, со соработка со стопанството, со одредени угостителски сектори, во склоп на стопанските комори и во случај ако продолжат рестриктивните мерки, секако ќе има поддршка од владата за угостителите, вели Бектеши.

Покрај трговците од трговските центри, деновиве реагираа и здруженијата на кафеанџиите кои исто така се погодени од мерките. Исто така со реакција се јавија од Сојузот на стопански комори од каде што велат дека мерките се селективни, неприменливи и има многу нејаснотии.

Во моловите и угостителските објекти е забранет влез за лицата кои не поседуваат сертификат за вакцинација или доказ дека прележале Ковид-19, не постар од 45 дена.

Слични содржини