Бела Хадид раскина со момчето: Причината е нејзината болест

од Stefanija Kuzmanovska

Супермоделот Бела Хадид ја раскина двегодишната врска со Марк Калман.

Имено, се наведува дека причината за нивната разделба е тоа што таа моментално е на лекување од лајмска болест, а тоа трае веќе четири месеци.

„Тие беа многу вљубени, но врската на крајот тргна по својот тек и решија да стават крај на работите. Бела е многу добра личност, но се бори со притисоците на славата. Таа се обидува да се грижи за себе од нивното разделување. Престана да пие пред девет месеци и не е на рехабилитација, туку на лекување“, рекол извор за „Дејли Мејл“.

Споменатиот медиум пренесува дека двојката раскинала пред извесно време, но дека останале во пријателски односи.

Слични содржини