Белата куќа: Испраќаме муниција и воена опрема во Израел

од Stefanija Kuzmanovska

САД веќе започнаа да ја доставуваат потребната муниција и воена опрема на Израел, потврди Белата куќа. Во исто време, тврдат тие, Пентагон ги прегледува своите залихи за да види што друго може да му испрати на Израел додека тој е во војна со Хамас.

Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност, потврди дека првата група воена помош веќе била испратена во Израел.

„Очекуваме дека ќе има дополнителни барања за безбедносна помош за Израел бидејќи тие продолжуваат да ја трошат муницијата во борбите. Ќе останеме во чекор со нив за да се погрижиме да ги задоволиме нивните потреби најдобро што можеме и што е можно побрзо“, рече Кирби.

Исто така, Германија, САД, Велика Британија, Франција и Италија доцна во понеделникот навечер објавија заедничка изјава во која ја потврдуваат својата солидарност со Израел, по терористичките напади на исламистичката палестинска организација Хамас. Заедно, тие изразија „постојана и обединета поддршка“ за Израел „и недвосмислена осуда на Хамас и неговите ужасни акти на тероризам“.

Слични содржини