Белорусија: Лекари и новинари во акција за поддршка на уапсените (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лекарите од брза помош се собираат преку социјалните мрежи и со своевиден перформанс им даваат поддршка на бројните уапсени демонстранти во Белорусија. Слична акција беше спроведена и од новинарите за поддршка на приведените, но и нивна колешка која е во затвор затоа што таа во своите написи пишуваше за убиениот демонстрант Раман Бандаренка. Полицијата го уапсила Бандаренко, ден откако бил брутално претепан и починал во болницата од ударите што ги добил.

Во знак на солидарност со илјадниците уапсени демонстранти во Белорусија, лекарите од брзата помош се собраа преку социјалните мрежи. Со рацете потпрени на ѕидот, тие држат листови хартија, на кои се наоѓаат резултатите од крвта на убиениот демонстрант Раман Бандаренка, каде може да се види дека младиот човек немал алкохол во крвта.

Имено, официјалното објаснување за причината за смртта на опозицискиот активист е дека млад човек во алкохолизирана состојба се степал на улица и дека подоцна починал во болница од тепањата што ги добил. Во обраќањето до јавноста, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, исто така, изјави дека Бандаренка бил пијан и предизвикал тепачка на улица.

Новинарите на една редакција ја организираа истата акција за поддршка на уапсените и нивната новинарка Качиарина Баришевиќ, која сега е во затвор за нејзините текстови во кои тврди дека Раман Бандаренка немал алкохол во крвта.

Слични содржини