Белорусија подготвила камп за борците на Вагнер, но се уште никој не дошол

од Stefanija Kuzmanovska

Никој од платеничката воена група „Вагнер“ се уште не го посетил напуштениот воен камп што белорускиот претседател Александар Лукашенко го понуди за користење на таа приватна руска воена компанија.

Ова го изјави советникот на министерот за одбрана на Белорусија, Леонид Касински, одговарајќи на новинарско прашање дали „Вагнер“ дошол да ја разгледа локацијата.

„Тие не дојдоа, не разгледаа“, рече тој, пренесе „Ројтерс“.

Касински додаде дека во тој камп биле поставени околу 300 шатори за вежбање, но посочи дека тие не се поврзани со „Вагнер“.

Лукашенко претходно изјави дека Белорусија му понудила на „Вагнер“ напуштени воени кампови од советската ера, но додаде дека групата има „поинаква визија за распоредување“. Тој вчера изјави дека шефот на паравоената група Евгениј Пригожин не е во Белорусија, туку е во Санкт Петербург, Русија.

Слични содржини