Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно на меден месец: Трета дестинација по венчавката

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа минатиот викенд на гламурозна тридневна церемонија на имотот на актерот во Џорџија.

Парот не губеше многу време и веднаш по оваа прослава одлучија да заминат на патување.

Кога пред еден месец се венчаа во Лас Вегас, Бен и Џеј Ло решија да патуваат на првиот меден месец, а тогаш ја посетија Франција, а потоа и Италија.

Изгледа дека многу им се допадна Италија, па одлучија повторно да ја посетат по оваа свадбена прослава. Парот е виден на езерото Комо, кое важи за позната италијанска дестинација каде престојуваат богатите и познати личности.

Како што пишуваат странските медиуми, папараците ги фатиле на лежерно возење со брод како се гушкаат и разменуваат нежности. После тоа, тие се видени во елитен ресторан, кој често го посетуваат и Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал.

Слични содржини