Бен Вајт го продолжи договорот со Арсенал

од Симе Стоиков

Фудбалерот на Арсенал, Бен Вајт, потпиша нов, повеќегодишен договор со лондонскиот клуб.

Во соопштението на Арсенал не се наведени детали за договорот, но британските медиуми тврдат дека Вајт ќе остане во лондонскиот клуб до јуни 2028 година со можност за продолжување на уште една сезона. Тој имаше договор со Арсенал до јуни 2026 година.

„Среќни сме што потпишавме нов долгорочен договор со Бен. Нашите навивачи го сакаат, со нетрпение очекуваме да уживаме во неговите игри во наредните години“, рече спортскиот директор на Арсенал, Еду.

Вајт (26) е член на Арсенал од 2021 година. Претходно играше за Лидс, Питерборо, Њупорт, Брајтон и Саутемптон.

Вајт оваа сезона одигра 39 натпревари за лондонскиот клуб и постигна два гола. За репрезентацијата на Англија одигра четири натпревари.

Слични содржини