Бенет: Ако не сакате ограничувања, вакцинирајте се денес

од Берта Китинска

Новиот израелски премиер Нафтали Бенет ги повикува младите да се вакцинираат затоа што во последните денови се зголемува бројот на случаи со новата делта мутација.

– Не сакаме да воведуваме никакви ограничувања: ниту на забави, ниту на патувања или на слично. Но, конкретно поради тоа, ако не сакате ограничувања, вакцинирајте се денес. Разговарајте со вашите родители и земете ја вакцината – рече тој.

Израел повторно воведе задолжително носење маски во затворен простор поради зголемениот број нови инфекции во изминатите седум дена. Израелското Министерство за здравство во саботата забележа 113 нови случаи на коронавирус.

Слични содржини