Бенет ги повика Израелците на возраст над 40 години да примат трета доза

од Vladimir Zorba

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска ја доби третата доза на коронавирус од Pfizer / BioNtech, откако Израел ја помести возрасната граница за третата доза за лица над 40 години.

Новите случаи во Израел се зголемија по појавата на делта варијантата на коронавирусот, така што со оваа кампања сака да ги поттикне луѓето да земат трета доза, Бенет (49) се обидува да избегне заклучување што би било многу тежок удар за економијата, пренесува Ројтерс.

Луѓето над 60 години почнаа да примаат трети дози минатиот месец, пред минималната возраст за третата доза да се намали на 50 години.

Службениците на Министерството за здравство го наведуваат слабеењето на имунитетот и високата заразноста на делта-варијантата како причина за зголемениот број на луѓе заразени со коронавирус.

Министерството за здравство објави дека од денеска сите над 40-годишна возраст ќе можат да ја добијат третата доза, под услов да поминат пет месеци од втората доза.

Министерството, исто така, препорача да се вакцинираат сите наставници, здравствени работници, негуватели и бремени жени од сите возрасти.

Соединетите држави, исто така, објавија дека ќе им понудат на сите Американци да се вакцинираат со третата доза, повикувајќи се на податоци кои покажуваат намалена заштита по две дози.

Канада, Франција и Германија, исто така, најавија кампањи за третата доза.

„Ако се вакцинирате со третата доза, ќе можеме да го избегнеме четвртото заклучување“, рече Бенет пред да се вакцинира.

Слични содржини