Бензема e најдобар фудбалер, Зидан најдобар тренер во Шпанија

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема беше прогласен за најдобар фудбалер во шпанската Ла Лига и ја доби наградата „Алфредо ди Стефано“.

На церемонијата организирана од „Марка“, Бензема беше прогласен за најдобар во текот на минатата сезона, благодарение на 21 постигнат гол.

Тој беше признат и како таков од навивачите, па Бензема двапати беше наградуван во понеделникот вечерта.

Реал Мадрид ја освои шампионската титула, 34-та за „кралскиот клуб“, а Бензема на доделувањето рече дека е многу среќен, затоа што се бореl за тоа.

„Многу сум среќен за оваа награда. Горд и среќен. Тоа е признание за напорната работа што ја вложив откако дојдов тука во 2009 година. Тренирам посилно секој ден, да му помогнам на тимот да победuva и секој натпревар е нов предизвик“, вели Бензема.

Потоа им се заблагодари на навивачите и им посочи кои зборови особено му остануваат додека игра.

„Сакав да докажам дека можам да играм во најдобриот клуб во светот. Би сакал да им се заблагодарам на сите фанови за наградите, се надевам дека ќе продолжам вака. Кога и да разговараm со навивачите, тие велеа дека им се допаѓа начинот на кој играм. Тие зборови остануваат со мене на теренот и се обидувам да ги израдувам луѓето“, изјави Бензема.

Неговиот тренер Зинедин Зидан беше прогласен за најдобар тренер во Ла Лига минатата сезона и ја доби наградата „Мигел Муњоз“, додека соиграчот на Бензема, Тибо Куртоа е најдобриот голман во елитното шпанско натпреварување.

Слични содржини