Берлин ги забрани украинските и руските знамиња на Денот на победата

од Stefanija Kuzmanovska

Берлин не сака да дозволи носење украински и руски знамиња на настаните за одбележување на годишнината од крајот на Втората светска војна.

Властите во Берлин одлучија да не носат руски и украински знамиња во близина на 15 спомен обележја и споменици, пишува весникот „Билд“.

Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник ги повика властите во Берлин да ја повлечат таа одлука.

Мелник на Твитер порача дека ова е скандалозна одлука која мора да се повлече, наведувајќи дека одлуката е шлаканица за Украина и за целиот украински народ.

Инаку, со одлуката на берлинската полиција, покрај знамињата на Русија и Украина, се забранети и симболот „Z“, како и униформите и воените песни на руската армија.

Од оваа мерка се изземени само ветераните од Втората светска војна, дипломатите и претставниците на делегациите кои ќе присуствуваат на церемониите.

Според соопштението на полицијата, во недела и понеделник ќе бидат ангажирани околу 3.400 полицајци за одбележување на годишнината од крајот на Втората светска војна.

Слични содржини