Берлинската полиција го отстрани украинското знаме од советскиот меморијален центар

од Stefanija Kuzmanovska

Германската полиција денеска го отстрани големото украинско знаме во Берлин на кое пишуваше „тие се ние“ во Советскиот Меморијален центар, еден ден откако регионалниот сенат го забрани кревањето на руски и украински знамиња поради настаните по повод предавањето на нацистичка Германија на 8 мај 1945 година, објави Би-Би-Си.

Украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелњук изрази огорченост поради забраната, за која рече дека „претставува ист третман на жртвата и агресорот во руската инвазија на Украина“.

Властите забранија кревање на руски и украински знамиња по повод Денот на победата.

Слични содржини