„Беше главниот водач на терористите“: Израелската армија тврди дека Абдула Абу Шалал бил убиен на Западниот Брег

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската армија објави дека извршила напад со дрон на Западниот Брег, во близина на кампот Балата, а цел бил Абдула Абу Шалал кој е, како што се наведува, главниот водач на терористите во таа палестинска енклава, кој планирал непосреден напад.

Според соопштението, тој бил убиен во комбинирана операција спроведена од армијата и безбедносната служба Шин Бет, пишува The Times of Israel.

Војската соопшти дека Абу Шалал е одговорен за низа неодамнешни напади, вклучително и пукање во населбата Шимон Хацадик во Ерусалим, во кое беа повредени двајца Израелци и поставувањето на бомба која рани војник.

Израелската војска тврди дека Абу Шалал добивал пари и инструкции од Иран и терористичките групи во Газа и во странство.

Палестински извори соопштија дека во нападот врз неговиот автомобил загинале три лица.

Слични содржини