БЕВМЕ НЕРАЗДЕЛНИ: Том Хенкс објави фотографија со изненадувачки детали

од Elena Daskalova

Откако оскаровецот и неговата сопруга поминаа неколку дена во болница, а сега се пуштени во самоизолација, актерот објави фотографија со интересен детаљ кој на многумина го привлече вниманието.

Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, преку социјалните мрежи редовно ги известуваат обожавателите за нивната здравствена состојба и закрепнувањето. Актерот забележал нешто многу интересно на неговата машина за пишување.

„Допатував тука со машината за пишување која ја обожавам. Погледнете го нејзиното име“, напишал тој. Машината за пишување која актерот ја понел со себе се вика токму „корона“.

Притоа, Хенкс извести дека тој и Рита строго ги почитуваат правилата за самоизолација и дека се чувствуваат навистина многу подобро.

Слични содржини