„Без фудбал за празниците? Тогаш да ја укинеме и Кралицата!“

од Vladimir Zorba

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник зборуваше за откажување на многу натпревари во Премиер лигата, а играњето фудбалски натпревари за време на празничната сезона го спореди со најголемите традиции на Англичаните – кралското семејство и пиењето чај во пет часот.

Многу натпревари во Премиер лигата се откажани поради бројни случаи на коронавирус во англиските тимови.

„Ако некој дојде до идеја да ги откаже фудбалските натпревари што се играат за празниците на крајот на годината, тогаш веднаш би можеле да зборуваме за укинување на англиската кралица или чајот во пет. Тоа е незаменлив дел од традицијата и многу сум среќен што првпат во кариерата ќе учествувам на еден таков натпревар“, изјави германскиот селектор Ралф Рангник.

„Премиер лигата ја гледам 40 години, почнав да ја гледам уште пред да се вика така. Знам какво е искуството кога најдобрите англиски клубови играат на Божиќ, Боксинг Деј, 27 и 30 декември, како и на втори јануари“, изјави привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед.

Следниот натпревар „црвените ѓаволи“ го играат вечерва од 20 часот и 55 минути против Њукасл на гости.

Слични содржини