БИЛ ГЕЈТС ПРЕДВИДУВА КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА: Еве кога сè ќе се врати во нормала

од Stefanija Kuzmanovska

Милијардерот Бил Гејтс е еден од луѓето кои се најупатени со текот на пандемијата, а ова се неговите прогнози за 2021 година.

Бил Гејтс веќе донираше десетици милиони долари преку својата фондација за да им помогне на научниците што побргу да ја запрат пандемијата. Сега, Гејтс вели дека верува дека работите може да бидат многу подобри следната година. Имено, како што пишува на својата веб-страница, Бил Гејтс верува дека светот веќе ќе може да ги види ефектите од масовната вакцинација на пролет, и дека на лето ќе бидеме многу поблиску до стариот живот што го имавме пред пандемијата.

Во својата објава, Гејтс исто така вели дека верува дека главната причина за оптимизмот е токму вакцината што пристигнала и започнатиот процес на вакцинација. Не само што имаме неколку докажани добри вакцини (Фајзер, Модерна и АстраЗенека, како и Спутник), туку и во моментов се развиваат многу повеќе вакцини. Бидејќи Фондацијата Бил Гејтс делумно ја финансира и Коалицијата за епидемиска подготвеност и иновации (ЦЕПИ), Гејтс исто така има добар увид во вакцините што ќе се појават.

„Многу фармацевтски компании исто така ги видоа придобивките од соработката во која сега функционираат. Ова е прилично слично на ситуацијата од Втората светска војна, кога Америка значително ги зголеми своите производни капацитети со претворање на фабрики за автомобили во фабрики за цистерни и камиони“, пишува Гејтс, додавајќи дека проблемот со дистрибуцијата на вакцината сè уште постои, но тој е убеден дека наскоро да се надмине.

Гејтс предупредува и на штетноста на теориите на заговор за вакцините, како и за него и неговата сопруга и посочува дека ова ги комплицира процесите на вакцинација.

„Сепак, ние ќе продолжиме да ги поддржуваме и финансираме вакцините со иста сила затоа што сакаме да спасиме животи“, вели Бил Гејтс.

Тој смета дека, покрај вакцините, постои и друга причина за радост, а тоа се секундарни третмани и лекови, како што е Дексаметазон за сериозно болни пациенти. Ова, во комбинација со масовно и добро насочено тестирање, ќе помогне во забавување на вирусот.

Гејтс исто така вели дека знае кој е следниот глобален предизвик – климатските промени, а во својот пост на блогот тврди дека е убеден дека и ние ќе можеме успешно да се справиме со тоа.

Слични содржини