БИЛ СО ДВЕ ЖЕНИ ИСТОВРЕМЕНО: Која е жената со која Гејтс минувал неколку дена годишно

од Stefanija Kuzmanovska

Постојат голем број непознатици во врска со бракот на Бил и Мелинда Гејтс, а многумина останаа во шок откако парот објави дека се разведува по 27 години.

Текстот на списанието „Тајмс“ од 1997 година повторно привлече големо внимание во јавноста, пред се заради деталите за бизарната врска што Гејтс наводно ја задржал со неговата поранешна девојка Ен Винблад.

Бил и Винблад раскинале во 1987 година, бидејќи пет години постарата жена сакала брак, додека милијардерот не бил подготвен за ваков чекор.

Гејтс продолжил да се гледа со Ен откако се оженил со Мелинда и тој летувал со неа секоја година без исклучок. Многумина шпекулираат дека станува збор за договор кој го постигнал со сопругата.

Секоја пролет, Гејтс и Винблад поминуваат неколку дена во нејзината куќа во Аутер Бенкс, Северна Каролина.

Двајцата се толку блиски што Гејтс побарал дозвола од Винблад пред да ја запроси Мелинда!

Да потсетиме, Мелинда и Бил Гејтс објавија претходно оваа недела дека се разведуваат откако нивниот брак бил „непоправно срушен“, но тие потврдија дека и двајцата ќе продолжат да работат во Фондацијата Гејтс, без оглед на разводот.

Слични содржини