Костадиновска Стојчевска: До клетвата да напишевте со помин, МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата

од Andreja Salpe

„Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, рекетари, „новинари“, „лечени“ новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни „експерти” кои не го владеат MS Word : не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата… сега веќе доцна е… “, сподели на својот Фејсбук профил Бисера Костадиновска Стојчевска, откако денеска се појави во Собранието за да гласа за петтиот пакет мерки за помош на граѓаните.

Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото…

Posted by Bisera Kostadinovska-Stojchevska on Sunday, April 18, 2021

Стојчевска, која е заразена со Ковид-19, денеска во скафандер се појави во Собранието за да обезбеди кворум за гласање. Таа со пратеникот на ДОМ, Мирослав Богдановски беа изолирани во посебна соба, од каде учествуваа на седницата.

Слични содржини