Бислимоски: Високите сметки се поради несоодветно отчитување, граѓаните да пријават во ЕВН

од Nikola Popovski

Причината за високите сметки за струја во изминатиот месец што пријавија дел од граѓаните низ земјава е несоодветното отчитување на броилата, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој присуствуваше на собраниската Комисија за економски прашања на која трет ден се разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ за 2022 година.

Според него, РКЕ посредувала во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи сметки.

-Граѓаните да си го отчитаат броилото и состојбата да ја пријават. ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување, информира Бислимоски.

Дел од граѓаните се пожалија дека сметките за електрична енергија во јануари им биле многу повисоки од очекуваните 9, 48 проценти зголемување.

Слични содржини