Бислимовски: 3 од 8-те компании од бизнисот со мазут немале лиценца од РКЕ

од Nikola Popovski

„РКЕ денес отпочна постапка за одземање на лиценци на 4 компании кои што се носители на лиценца за вршење енергетска дејност – трговија со нафта и нафтени деривати“, истакна вечерва директорот на институцијата, Марко Бислимовски за емисијата „Топ тема“.

Според нив, 3 од 8-те компании кои ги објави владата никогаш не побарале лиценца од РКЕ, а од четвртата компанија „Евротим“, за која што ДПИ изрече мерка забрана за пуштање во промет поради тоа што во нивните складишта, каде се чува мазутот, се земени мостри и се чекаат резултатите од анализите, кои најдоцна до утре ќе се добијат.

Во одговор на прашање, во текот на денот Бислимоски посочи дека РКЕ нема надлежност за компаниите кои немаат лиценци за вршење енергетска дејност, сепак посочи дека токму Регулаторното тело било првата институција која ги запознала останатите институции во државата  дека Евротим и РКМ купувале мазут од страна на Блу енерџи или Блу технолоџи која немала соодветна лиценца.

Прекршочните казни што се изречени се за седум фирми и се во вкупна висина од 55 510 евра. Тие се изречени поради немање резерви на мазут и неправилно водење на сметководствената евиденција во трговија на големо. Како што соопштија Николовски и Бектеши, седумте фирми за кои се изречени вакви прекршоци се: РКМ ДООЕЛ (за немање резерви и неточно водење сметководство); Супертрејд (за немање резерви); Евротим (за немање резерви); Пертинакс-Скопје (за немање резерви); Ли-оил ДБ Кавадарци (за немање резерви), Блу технолоџи (за несоодветна сметководствена евиденција) и Ка-оил Енерџи Кавадарци (за немање резерви, а утврдено е и дека вршела трговија за мазут без лиценца од РКЕ).

Покрај овие казни, за компанијата РКМ се изречени дополнителни давачки и прекршоци поради тоа што мазутот го декларирале како нафтен дериват за кој не е предвидено плаќање акцизи.

Слични содржини