Бислимовски: Државата ќе спречи големо поскапување на струјата

од Nikola Popovski

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информира дека државата нема да дозволи големо зголемување на цената на електричната енергија. Според него, постојат механизми со кои ќе се спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти.

„Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас“, изјавил Бислимовски за емисијата „Економски магазин“ на Тв Алсат.

Бислимовски изрази жалење што поскапувањето на струјата е неминовно.

Слични содржини