Блинкен: Да се надеваме дека ќе имаме вистинска деескалација во Газа

од Vladimir Zorba

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, рече дека разговарал телефонски денес со израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази и ја повторил пораката дека САД очекуваат „деескалација на патот на прекин на огнот“ меѓу Израел и Палестинците.

Блинкен рече дека не може да ги потврди извештаите во израелските медиуми дека е договорен прекин на огнот со кој ќе се запрат ракетните напади врз Израел од Газа и израелските воздушни напади врз палестинските области кои траат повеќе од една недела, пренесе Ројтерс.

Се надеваме дека овие извештаи се вистински и дека, како што рече претседателот Џо Бајден, имаме вистинска деескалација и прекин на огнот, изјави Блинкен пред новинарите за време на посетата на Гренланд.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека безбедносниот кабинет на таа земја едногласно го одобри прекинот на огнот во појасот Газа, објавија вечерва израелските медиуми.

Според изјавата, министрите се согласиле да ја прифатат иницијативата на Египет за заеднички прекин на огнот, без никакви услови.

Слични содржини