Близу 30 илјади граѓани се пријавени за вакцинација

од Берта Китинска

Денови не делат додека пристигнат првите вакцини против ковид 19 во земјава меѓувреме здравствените власти се подготвуваат за спроведување на имунизација на населението.

Матичните лекари ќе прават и кратки интервјуа со пациентите кои се пријавиле за вакцинација против коронавирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

„Крајниот повик граѓанинот, чии што матичен лекар го повикува да се вакцинира, треба да направи и разговор со една мини анамнеза, дали е можеби болен, дали има некакви симптоми. Мора да биде матичниот лекар тој, затоа што станува збор за процес во кој што е важно да се знае каква е моменталната здравствена состојба на граѓанинот што се вакцинира“, објасни Филипче во емисијата  „Клик Плус“.

Близу 30 илјади граѓани се пријавени за вакцинација

-25.401 илјади граѓани изразиле желба за вакцинација на „Vakcinacija.mk“. Секој граѓанин кој ја пополнува формата за аплицирање искажуваат само интерес за вакцинација и се регистрира во електронскиот систем „Мој Термин“. Ова не значи дека лицето закажало и термин. Датумот и часот за вакцинација го утврдува Националниот систем „Мој Термин” согласно фазите кои ги содржи стратегијата за КОВИД вакцинација. Регистрирај се!, информираа од министерството за здравство.

Србија чека одобрение од Фајзер

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денес изјави дека вакцините Фајзер кои Србија требаше да и ги донира на Северна Македонија денес ќе бидат доставени во следните неколку дена, бидејќи се чека официјално одобрување на Фајзер, со оглед на тоа што нашиот договор со таа компанија забранува извоз на вакцина во други земји. земји.

„Што се однесува до донацијата на вакцините Фајзер за Северна Македонија, за која беше договорено Вучиќ, сè е подготвено, имаме подготвени одредени количини вакцини Фајзер“, одговори Брнабиќ на новинарско прашање.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.

Слични содржини