БМВ го претвора вашиот смартфон во клуч за автомобил

од desk2

Во последниве години, присуството на производители на автомобили на мобилните конгреси се зголемува. Ги видовме на ЦЕС минатиот месец, ги гледаме на Светскиот мобилен конгрес кој моментално се одржува во Барселона. Еден од најактивните учесници е БМВ. Компанијата повторно покажа технологија, за која мисли дека ќе го промени светот на автомобилите и ќе ја освои иднината.


Највпечатлива работа што БМВ ја покажа оваа година е автономниот БМВ ај3, кој можете да го повикате со мобилна апликација, инсталирана на вашиот паметен телефон. Кога ќе пристигне автомобилот, за вас останува да седнете на задното седиште и да ги користите системите за забава, бидејќи самиот автомобил ќе ве однесе до посакуваната дестинација. Го нагласуваме зборот „сам“, бидејќи дури и за време на демонстрациите на новата технологија немаше никој на возачкото седиште. Апликацијата исто така ви овозможува да ги контролирате светлата, механизмот за заклучување на вратата и … сирената. Откако ќе стигнете до посакуваната локација, ќе се симнете од автомобилот и ќе го „испратите“ за да си најде паркинг простор.

Се разбира, ќе треба неколку години за оваа технологија да влезе во нашиот живот и да стане достапна за пошироката јавност.

Пред тоа, БМВ ќе воведе друга функција – БМВ дигитален клуч. Со него ќе можете да го отклучите / заклучите и да го стартувате моторот на вашиот автомобил од далечина. Интересното е дека вие ќе можете да ги споделите правата на вашето возило со до пет други корисници на апликацијата. Оваа опција ќе биде достапна во јули оваа година, но само за корисниците на паметни телефони Самсунг.

БМВ го искористи СМК 2018 како можност да објави дека следните модели на компанијата ќе имаат втора eСИM, која може да се поврзе со актуелниот договор со мобилниот оператор на корисникот и да ја користи истата мобилна мрежа. Така, автомобилите ќе можат директно да ги прифатат повиците и да ја користат мрежата за да се поврзат на Интернет.

Слични содржини