BMW го лансираше својот прв автомобил со водород

од Vladimir Zorba

Според најавите, BMW зачекори во светот на водородната технологија.

Баварскиот гигант деновиве лансираше автомобил со горивни ќелии, иако на почетокот во ограничена серија.

Новиот BMW iX5 Hydrogen се напојува со горивни ќелии наместо голема батерија, што значи дека нема потреба да се чека на станиците за полнење.

Водородот од резервоарот под висок притисок се претвора во електрична енергија со хемиска реакција, а единствениот издувен гас е водена пареа. Далеку е од нова технологија, а Toyota, Honda и Hyundai ја имаат технологијата во сериско производство со години.

BMW сега конвертира 100 теренци X5 во водород, што ќе биде најмоќната горивнa ќелиja во патнички автомобил досега со моќност од 170 КС.

Бидејќи тампон батеријата, со капацитет од 10 киловат часови, бара помалку критични суровини и бидејќи зелениот водород може да се складира подобро од зелената електрична енергија, горивните ќелии се алтернатива што не треба да се изгуби од вид.

Сериското производство се очекува по 2025 година.

Слични содржини