Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната прес конференција им порача на граѓаните да патуваат преку локални патишта или Велес, за патот накај Штип, доколку им е скапо да плаќаат патарини на новиот автопат, Миладиновци-Штип.

Како што најави тој, следниот месец ќе започне изградбата на двете патарини. Едната кај Преиод, а другата во Кадрифаково. Со изградбата патувањето ќе поскапи за 120 денари затоа што патарината кај Преод ќе чини 50 денари, а кај Кадрифаково 70 денари. Досега од Скопје до Штип се патуваше за 40 денари – сега 160 денари.

„Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина“, потенцираше Бочварски.

Според министерот, Македонија има релативно ниски цени на чинење на патарините, а за да имаме квалитетна патна инфраструктура , патиштата треба да се одржуваат и сервисираат тековно, што тоа ја чини државата и граѓаните.

Слични содржини