Бочварски: Пет компании се заинтересирани за изградба на штипската брана на река Отиња

од Nikola Popovski

Три милиони евра ќе се инвестираат во улици, кружни текови, патеки и за сообраќајни решенија во 16 општини во земјава,  информираше на денешната прес-конференција во Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Според него, владата на вчерашната седница ја усвои Предлог одлуката на Министерството за транспорт и врски за распределување на капитални дотации, средства за 16 општини, со што Општина Штип добива девет милиони денари, за реализација на проект, којшто е проектиран и чека реализација поради тоа што средствата на општината се ограничени, а посебно во време на ковид кризата, кога се намалени приходите на општините.

Бочварски додаде дека пет фирми сакаат да ја градат браната на река Отиња, капиталниот проект за Штип, кој целосно ќе се финансира од државниот буџет.

„Рокот за доставување на понуди е завршен, а сега е периодот на евалуација. Очекувма до крајот на декември или почетокот на јануари следната година да се потпише договор со фирмата, која ќе ја гради браната на реката Отиња“, соопшти министерот за транспорт, кој додаде дека проектите стануваат реалност, заради тоа што некој се грижи и работи за граѓаните.

Слични содржини