Богдановиќ: Мораме од пописот да почнеме, а ние како народ од се правиме политика

Во своето гостување во „Топ тема“, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ посочи дека општините се тие кои ќе бидат клучни во реализација на пописот, но и потенцираше дека истиот е важен за податоците и плановите предвидени на општините.

„Како функционер ми е најважно кои луѓе и колку ги имаме во нашите општини. Оттаму, се согласувам дека треба да се спроведе релевантен попис, а нас како градоначалници ќе ни биде од исклучителна важност. За да планираме, ние треба да ги имаме податоците. Затоа сметам дека пописот е важна операција, за да знаеме колку паркинзи, училишта, градинки итн. ни се потребни. Од некаде треба да се почне, а ние како народ правиме од се политика. Од нас градоначалниците, зависи како ќе се одвива оваа статистичка операција. Со мерки за претпазливост и заштита, има опции за реализација на пописот“, истакна Богдановиќ.

Слични содржини