Богоев: Во последната година од мандатот влегувам ослободен од било какви притисоци дека е изборна година

од Vladimir Zorba

Во последната година од мандатот влегувам ослободен од било какви притисоци дека е изборна година. Многу поважна е континуираната работа, којашто верувам дека ние ја покажавме како општински тим во изминатите три години. И оваа година, граѓаните ќе можат да видат чесно работење, бескомпромисна битка со урбаната мафија, заштита на јавниот простор и интерес, вели градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев во новогодишното интервју.

-Во 2021 продолжуваме со раззеленување на делот од Спортско – адреналинскиот парк до бунарите на р.Лепенец (во соработка со Град Скопје). Добив гаранција дека АМС предвидува почеток на реконструкција на „Партизан“. Во делот на инфраструктурата, нѐ очекува и почеток на обнова на платото во Порта Влае и реконструкција на повеќе улици, вели тој.

Слични содржини