Богоевски: Да размислиме за замрзнување на преговорите со Бугарија доколку не се крене ветото во јуни

од Nikola Popovski

Ваквите ставови на господинот Јовановски ми сугерираат на ставови на човек кој што не сака да ја види Македонија во ЕУ од причина што работите вака не функционираат. Бугарија има право на вето. Напорите од земјите како Германија и Франција не беа ефективни, но беа искрени. Притисокот врз Бугарија на дипломатско ниво е нешто што не е запаметено во ЕУ. Единствено таков притисок досега имаше само врз Унгарија. Главен доказ е самите изјави на бугарскиот претседател и премиер, вели поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски за односите на релација Скопје-Софија.

Тој смета дека безусловно прекинување на преговорите со Бугарија не треба да се случи под никој услов, но треба да се размислува за замрзнување на преговорите на одреден временски период.

-Понижувањето и однесувањето на бугарските политичари не можеме да го негираме, но ние сме тие кој што бараат нешто и тие се тие кои што стојат на патот. Не треба да им виткаме кичма за сѐ. Значителен напредок значи само кревање на ветото. Доколку не дојде до решение во јуни, мислам дека може да размислуваме за замрзнување на преговорите, рече Богоевски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини