Богоевски: Укинувањето на патните трошоци за пратениците е благородна идеја, но има директори со по три секретарки и пет коли

од Берта Китинска

Целосното укинување на патните трошоци за пратениците е мошне благородна и нужна идеја, иако можеби малку непрактична.Но, вистинските непотребни трошоци не се само кај пратениците. Треба да се направи темелна анализа на оправданоста за сите привилегии на јавните функционери, пишува во својот Фејсбук статус пратеникот Павле Богоевски.

Тој вели дека треба да  се земе в предвид дека законодавната е посебен столб на власта, подеднакво важен како извршната и судската и дека сегашните патни трошоци на пратениците се дефинитивно превисоки и неоправдани.

– Тогаш дали секое јавно државно или локално претпријатие треба да има и заменици директори со голем помошен персонал и којзнае колку службени возила?Особено ако знаеме дека во државава има многу повеќе директори, заменици, раководители и сл. од што има пратеници.Да, не е во ред пратеници да наплаќаат илјадници евра за патни трошоци. Но дефинитивно и не е во ред да имаме три секретарки и пет коли по глава на директор!Ако овие трошоци се помалку видливи од оние на пратениците, не значи дека не треба да бидат адресирани.п.с. Основната претпоставка за силно Собрание е пратеници кои ги имаат потребните услови за да можат слободно, независно и ефикасно да ја вршат својата функција. Тврдам дека сегашните услови не го овозможуваат тоа, пишува Богоевски.

Слични содржини