Боливија: Католичката црква призна дека се оглушила за жртвите на сексуална злоупотреба

од Stefanija Kuzmanovska

Водачите на Римокатоличката црква во Боливија денеска признаа дека црквата се оглушила на страдањата на жртвите на сексуална злоупотреба, коментирајќи како скандалот со педофилија во кој се вклучени свештеници ја потресува земјата.

Католичките бискупи на Боливија во соопштение наведоа дека „како црква се соочуваат со болен момент…бидејќи се сигурни дека директно или индиректно се вклучени во длабоката болка предизвикана на невините жртви“, пренесе АП.

Соопштението е одговор на случајот во кој е вмешан починатиот шпански езуитски свештеник Алфонсо Педрахас.

Слични содржини