Болтон: Доколку Трамп победи, САД може да се повлечат од НАТО

од Vladimir Zorba

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, смета дека е „реален ризик“ САД да се повлечат од НАТО, доколку неговиот поранешен шеф освои втор мандат, пренесува Политико.

Во интервју за радиото „Тајмс“, Болтон истакна дека само „политички огради“ го спречиле Трамп да го стори тоа за време на неговиот прв мандат.

„Не го убедивме дека НАТО всушност е прилично добар сојуз, но увиде дека не може да ја премине границата и да повика на повлекување. Кога ќе биде реизбран, таа политичка ограда, ако не исчезне целосно, значително ќе се намали“, рече Болтон.

Да потсетиме, претседателските избори во САД се закажани за 3 ноември, кога сегашниот претседател Доналд Трамп ќе се натпреварува со демократскиот кандидат Џо Бајден.

Слични содржини