БОМБА од Шпанија: Агентите на Халанд на средба со директорот на Барса

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид веќе заврши сериозна работа со ангажирањето на Килијан Мбапе кој на лето ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а за да остане во игра со „кралскиот клуб“, Барселона очигледно има „ас во ракавот“.

Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми, кои снимаа и видеа, директорот на Барселона, Португалецот Деко, во текот на денот во Барселона се сретнал со агентите кои се грижат за кариерата на Ерлинг Халанд.

Рафаела Пименто и Максвел се сретнале со Деко, а како што се наведува, разговорот бил за иднината на норвешката суперѕвезда која настапува за Манчестер Сити.

Халанд е големиот сон на Жоан Лапорта, но прашање е колку ова е премногу амбициозен план за Барса, која има сериозни финансиски проблеми поради долгогодишниот лош бизнис, а има граница да потроши најмногу 200 милиони евра за плати.

Секако, доколку Халанд потпише за Барса, а со Мбапе во Реал, повторно ќе имаме „Ел Класико“, што е спектакл само по себе, како што беше случајот кога за овие тимови играа Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Слични содржини