Бомба во Холивуд: Бред Пит по 7. пат ќе стане татко

од Aleksandar Petrovski

Веќе некое време се шушкаше за врската помеѓу славниот холивудски актер Бред Пит и младата германска манекенка Никол Потуралски, а приказната доби ново продолжение.

Американските медиуми објавија дека Никол е бремена, а ако тоа е вистина, актерот ќе стане татко по седми пат.

„Двајцата се возбудени, иако Бред беше малку шокиран и збунет на првата топка“, изјави близок извор на парот.

Странските медиуми пишуваат дека Никол е бремена во трет месец и дека треба да се породи на пролет.

„Нивната врска и однос се развија многу брзо. Тие не го испланираа бебето, но тоа се случи и сега се во пресрет. И двајцата сакаат девојче, особено Никол која веќе има син”, рекол изворот.

Парот досега не ги коментираше овие наводи.

 

 

https://www.instagram.com/p/CFRn339MpyR/?utm_source=ig_embed

Слични содржини