Боно ги искритикува од сцената полските власти

од Vladimir Zorba

Лидерот на ирската рок група U2 Боно Вокс (Пол Дејвид Хјусон) за време на концерт во Амстердам ги искритикува полските власти, објавија локалните медиуми. Според в. “Жечпосполита” на 29 јули на сцената во Амстердам се качил обожавател кој  пред многу илјадната публика го извадил знамето на Полска со симболот на легендарниот синдикат “Солидарност” Лех Валенса.

Боно им посакал на Полјаците “љубов и мир” и рекол дека во Полска “сакаат да ја одземат слободата од нашите браќа и сестри”. Полските медиуми претпоставуваат дека Боно ги имал предвид судските реформи, кои се претворија во причина за конфликт меѓу Варшава и меѓународните институции.

Се наведува дека Боно не за прв пат го критикува управувањето на полската партија “Право и правда”. Во 2016 во своето обраќање пред американскиот сенат музичарот изјави дека владите на Полска и Унгарија “водат политика на хипернационализам”.

Слични содржини