Борел: Загрижен сум што веќе седум дена нема никакви вести за Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска објави дека е загрижен што седум дена нема никакви вести за водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.

„Крајно загрижувачка е веста за Навални, кој седум дена се води како исчезнат. За неговата безбедност и здравје во затворот е одговорно руското политичко раководство и тие ќе одговараат. ЕУ бара тој веднаш и безусловно да биде ослободен, исто така затоа што е затворен од политички причини“, наведе Борел на платформата X.

Од Кремљ, пак, велат дека „немаат ниту намера ниту можност“ да го следат издржувањето на затворската казна на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не, немаме ниту намера ниту можност да ја следиме судбината на затвореникот и процесот на неговиот престој во надлежните институции“, рече Песков на прес-конференцијата, пренесе РИА Новости.

Коментирајќи ги изјавите на Вашингтон за загриженост за судбината на Навални, Песков рече дека тој е прогласен за виновен на суд и дека секое мешање, вклучително и американско мешање, е неприфатливо.

Слични содржини