Борусија Дортмунд размислува за понуда за Икарди

од Vladimir Zorba

Борусија Дортмунд е заинтересирана за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, објави Sky Sports Germany.

Германскиот клуб ова лето се раздели со Ерлинг Халанд и како негова замена беше доведен Себастијан Алер ​​од Ајакс. Тој, сепак, пред само неколку дена доби крајно непријатна вест дека боледува од рак на тестисите и допрва ќе мора да оди на сериозно лекување.

Токму поради оваа причина Дортмунд веќе бара уште еден напаѓач кој ќе му помогне на тимот на водечките позиции.

Икарди, од своја страна, веќе неколку години е во ПСЖ, но никогаш не успеа да се наметне во тимот и моментално е ставен на трансфер листата на тимот, бидејќи новиот спортски директор Луис Кампос и тренерот Кристоф Галтие не планираат да се потпираат на неговите услуги.

Слични содржини