Братот на Џорџ Флојд во Конгресот: Запрете ја болката (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Филинс Флојд, братот на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд, ги повика пратениците во американскиот Конгрес да направат напор, така што неговиот брат не би бил само уште едно име на растечкиот список на загинати за време на конфликтот со полицијата.

„Јас сум денес денес да ве замолам тоа да го запрете. Запрете ја болката“, рече Флојд на рочиштето во Комисијата за правда во Претставничкиот дом, еден ден по погребот на неговиот брат, чија смрт предизвика протести во САД и низ целиот свет против расизмот и полициската бруталност.

Филинс рече дека сака да се осигура дека неговиот брат е „повеќе од уште едно лице на маицата. Повеќе од уште едно име на списокот што не престанува да расте“, рече братот на Џорџ Флојд.

Тој ги повика пратениците да реагираат.

„Луѓето што маршираат по улицата ви кажуваат дека е доволно. Бидете водачите што и се потребни на оваа земја, на овој свет. Направете ја вистинската работа“, рече Флојд.

Флојд (46) почина на 25 мај во Минеаполис, откако бел полицаец го притисна со колено на вратот скоро девет минути.

 

Слични содржини