Бразил не сака набљудувачи на ЕУ на изборите во октомври

од Stefanija Kuzmanovska

Врховниот изборен суд на Бразил (ТСЕ) денеска го откажа повикот до Европската унија да испрати набљудувачи на изборите во октомври, откако владата на претседателот Жаир Болсонаро се спротивстави на тоа.

Минатиот месец, ТСЕ, највисокото изборно тело во Бразил, ја повика Европската унија за прв пат да испрати набљудувачи на општите избори оваа година во Бразил, на кои Болсонаро ќе се обиде да се кандидира за нов мандат, пренесува „Ројтерс“.

Два дена подоцна, Министерството за надворешни работи го откажа повикот, со образложение дека изборите во Бразил никогаш не биле „надгледувани од меѓународна организација во која Бразил не е член“.

ТСЕ не реагираше веднаш, но негово соопштение се очекува денеска, наведува британската агенција.

Слични содржини