Бразил обезбеди пласман на Светското во Катар (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Фудбалската репрезентација на Бразил како домаќин ја совлада селекцијата на Колумбија со 1:0, со што „кариоките“ и официјално изборија пласман на Светското првенство во Катар.

Бразил стигна до 11. победа во 12 одиграни натпревари и со тоа математички избори пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.

Избраниците на селекторот Тите не знаат за пораз во овој квалификациски циклус, а дојдоа до нов триумф против Колумбија.

Се играше 72. минута кога Нејмар од „прва“ му асистираше на Пакета, а тој шутираше, погоди и го постави конечниот резултат уште од првиот контакт.

Така Бразил стана само третата репрезентација која веќе изборила пласман на Светското првенство, откако пред нив тоа го направија Германија и Данска.

Во другите синоќешни натпревари Чиле го совлада Парагвај со 1-0 на гости, додека Перу како домаќин беше подобар од Боливија со 3-0.

Слични содржини