Бред Пит се натпреварува со Луис Хамилтон на Големата награда на Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Бред Пит ќе се трка со Формула 1 асот Луис Хамилтон во првиот параден круг на Британското ГП во Силверстоун како дел од снимањето на најновиот блокбастер.

Пит глуми пензиониран Ф1 ветеран, кој се согласува да биде ментор на млад возач, во филм чиј извршен продуцент е Хамилтон и неговата нова продукциска куќа „Даун Аполо Филмс“, пренесува „Сан“.

„Гледањето на Бред Пит на Британското ГП ќе биде неверојатен и надреален момент за ТВ гледачите и обожавателите во Силверстоун овој јули“, рече еден од членовите на екипата.

Како што наведе, продуцентите сакаат да се погрижат кадрите да бидат што е можно пореални во сè уште ненасловениот филм.

Бред Пит ја гледаше трката за Големата награда на САД во Формула 1 минатиот октомври заедно со продуцентот Џери Брукхајмер, режисерот Џо Косински и сценаристот Ерен Кругер за да разговараат за проектот со Формула 1 тимовите и официјалните лица.

Како што е најавено, филмот ќе се емитува следната година, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини