Бренсон повика да се подготви “План Маршал” за Карибите поради “Ирма”

од desk3

Британскиот милијардер Ричард Бренсон повика да се подготви “План Маршал”, за да им се помогне на Карибите да се опорават од страдањата на ураганот “Ирма”, кој остави стотици илјади луѓе без дом, соопштија светските агенции, цитирани од агенциите. Тој од 11 години живее на британските Девствени Острови и заминал за Порторико, за да ги мобилизира хуманитарни организации.

Кубанската престолнина постепено се опоравува од разурнувачкиот ураган “Ирма”, кој го зафати островот за време на викендите. Водата ги збриша улиците на градот, општинските службеници и војската почнаа да се справуваат со последиците од катастрофата, но се очекува дека за тоа ќе им се потребни барем неколку недели, пренесоа агенциите. Кубанскиот лидер Раул Кастро повика Кубанците да се обединат за да ја обноват што е можно побрзо земјата, пренесе Ројтерс. Во Куба стихијата зеде десет жртви, со нив бројот на смртни случаи на карипските острови станува 39.

“Ирма” веќе ги загуби карактеристиките на бура, иако го продолжува своето движење над југоисточниот дел на САД. Стихијата се наоѓа над границата меѓу државите Џорџија и Алабама и се движи кон северозапад со околу 23 километри на час. Брзината на придружните ветрови достигна приближно 56 км / ч.

Главниот удар во САД го поднесе Флорида, на кој “Ирма” и се нафрли во неделата како ураган од четврта категорија според петстепената скала на Сафир-Симпсон. Над 6,3 милиони жители беа евакуирани – една од најголемите од ваков вид операции во историјата. Над 13 милиони луѓе во државата со население од околу 20 милиони луѓе останаа без електрична енергија, посочува ТАСС.

Слични содржини