Британски адмирал: Русија веќе стратешки ја загуби војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Русија „стратешки ја загуби“ војната во Украина и е многу „понезначителна сила“, изјави командантот на британските вооружени сили.

Адмиралот сер Тони Радакин рече дека Владимир Путин користел 25 отсто од руската армија за многу мали придобивки. И додека се верува дека Русија би можела да постигне „тактички успех“ во наредните недели, сите сугестии дека војната е успешна се „глупости“.

Тони Радакин додаде дека Русија има недостиг од војници и модерни ракети и дека никогаш нема да може да ја заземе цела Украина. Тој смета дека Русија сега е политички и економски многу помала сила отколку пред неколку месеци.

Забелешките на адмиралот дојдоа кога секретарот за одбрана Бен Валас изјави за Sky News дека Велика Британија најверојатно ќе испрати уште стотици војници во силите на НАТО во Естонија за дополнително да ја одврати Русија.

Тони Радикин изјави и дека Русија направила голема грешка.

„Русија веќе загуби стратешки. НАТО е посилен сојуз, Финска и Шведска сакаат да се приклучат“, рече адмиралот.

Слични содржини