Британскиот амбасадор ја повика Ерменија да ги подобри односите со Турција

Турција и Ерменија немаат дипломатски односи, а границата меѓу нив е затворена од 1993 година на иницијатива на Анкара.

од Бети Божиноска

Британскиот амбасадор во Ереван, Џон Галагер, ја повика денеска Ерменија да ја промени својата надворешна политика со нормализирање на односите со Турција, пренесува ерменската државна агенција „Арменпрес“.

„Решавањето на односите меѓу Ерменија и Турција е од големо значење за регионот, а особено ќе ѝ помогне на Ерменија да ја промени надворешната политика и да стане побезбедна земја“, објасни британскиот дипломат.

Велика Британија ги поддржува страните во процесот на нормализирање на односите, нагласи амбасадорот.

Турција и Ерменија немаат дипломатски односи, а границата меѓу нив е затворена од 1993 година на иницијатива на Анкара. Тешките односи меѓу земјите се резултат на неколку различни околности, кои се пред се поврзани со поддршката на Анкара за позицијата на Азербејџан за прашањето за Нагорно-Карабах и острата реакција на Турција на процесот на меѓународно признавање на ерменскиот геноцид во Отоманската империја.

Како што истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ерменското раководство одлучи да се потпре на нерегионалните земји, „кои му се додворуваат на Ереван и ветуваат дека ќе му помогнат во сите неволји ако ги наруши односите со Русија и интеграциските структури кои постојат во регионот”.

Слични содржини