Британскиот министер за здравство:Ковид пропусници повеќе не се потребни

од Берта Китинска

Во Англија до крајот на месецот може да се укинат пропусниците за ковид, објавија британските медиуми, наведувајќи дека министерот за здравство, Саџид Џавид, оценил дека тие повеќе не се потребни, со образложение дека сојот омикрон на корона вирусот полека опаѓање.

Во моментов во Англија, луѓето треба да покажат доказ за вакцинација или негативен резултат од тестот за да присуствуваат на поголеми настани или да влезат во ноќни клубови.

Џавид им рече на пратениците дека ја споделува нивната нелагодност во врска со прашањето за пропусниците, против кои гласаа 100 ториевци.

Претходно Џавид најави намалување на периодот на изолација по позитивен тест за коронавирус. Имено, од следниот понеделник изолацијата ќе трае само пет дена за позитивните, а причината за намалувањето е, како што појасни, тоа што вработените би можеле побрзо да се вратат на работа.

Во Обединетото Кралство, 150.000 луѓе починале од коронавирусот од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Слични содржини