Брнабиќ: Договорот со ЕАЕУ не е проблем на патот кон ЕУ и Брисел тоа го потврди

од desk3

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави во Москва дека Договорот за слободна трговија не создава проблем за Србија на патот кон Европската унија и дека „Брисел денеска го потврдил тоа“.

„Ова е економски договор, а не политички договор. Ние како земја, според Договорот за стабилизација и асоцијација што го имаме со ЕУ, имаме право на договори за слободна трговија со меѓународни организации и со одделни земји, сè до моментот кога влегуваме во ЕУ. Во тој момент мора да ги раскинеме договорите за слободна трговија со сите трети земји и други меѓународни организации “, рече Брнабиќ.

Договорот за слободна трговија кој денес е потпишан од Брнабиќ во Москва со Евроазиската економска унија го одржува високиот степен на либерализација кој постоеше според билатералните договори за слободна трговија со Русија, Белорусија и Казахстан и се протега на Ерменија и Киргистан.

Таа им порача на „оние кои го критикуваат договорот и изјавуваат дека станува збор за политички, а не за економски договор“ дека „од основањето на таа унија, принципот е дека веќе нема договори за слободна трговија на одделни земји-членки со други земји, туку со целата унија, така што ова да не е сторено, практично не можевме да имаме договори со Русија, Белорусија и Казахстан “.

По потпишувањето, Брнабиќ истакна дека Србија поради добрите преговори добила дополнителни олеснувања и повеќе пазари отворени за нивни производи.

„Во време кога, за жал, светот сè повеќе се стреми кон протекционизам, Србија останува посветена на слободната трговија, соработка и развој во наш интерес“, рече премиерката.

Таа додаде дека ова се рефлектира во секојдневната политика на Владата како на политичко така и на економско ниво.

„Сè што може да значи за нашата економија, за нашите компании, за нашите граѓани, да отвориме поголем пазар, подобри можности, ние, како Влада на Република Србија, ќе го сториме тоа“, нагласи Брнабиќ.

Таа рече дека отворањето на пазарот на 183 милиони луѓе за Србија е историски ден.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан и претседавачот на Колегиумот за Евроазиска економска комисија, Тигран Саркисијан, денеска во Москва потпишаа Договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската економска унија.

Слични содржини