Брнабиќ: Изјавите на Курти може сериозно да го дестабилизираат целиот регион

од Vladimir Zorba

Српската премиерка, Ана Брнабиќ денеска изјави дека изјавата на премиерот на Косово, Албин Курти дека во иднина ќе гласа за спојување со Албанија може сериозно да го дестабилизираат целиот регион.

„Таа изјава е само уште еден камен во поткопувањето на темелите на регионалната стабилност и регионалната безбедност. Таа изјава може да предизвика големи потреси во целиот регион. Политиката на Албин Курти е јасна, што се чини дека тој не ја крие. Она што многу повеќе го загрижува е недостаток на реакции на меѓународната заедница“, рече премиерката.

На прашањето дали е можно во иднина да се случи такво сценарио, Брнабиќ одговори дека се сомнева во тоа, но дека е потребно сите меѓународни актери да кажат дека тоа е невозможно.

„Зависи како меѓународната заедница ќе реагира на тоа, но тоа потоа би значело многу пошироки последици за целиот регион, но и за другите региони во Европа и светот. Се надевам дека не се изјаснија само затоа што е викенд, можеби не работат, иако гледаме дека Виола фон Крамон сака да ја критикува Србија и за викенди. Сепак се надевам дека ќе одговорат“, заклучи таа.

Слични содржини